0
  • Новости
  • 2025-02-10 13:38:25

Инсомнија: Како да ја препознаеме и што можеме да направиме?

Инсомнија: Како да ја препознаеме и што можеме да направиме?
share :


Инсомнијата е пореметување на сонот кое се карактеризира со тешкотии при заспивање, чести будења во текот на ноќта или прерано будење без можност повторно да се заспие. Важно е да се разликува од краткотрајните проблеми со спиењето кои можат да бидат предизвикани од стрес или временски промени.

Како да препознаеме дали имаме инсомнија?

Ако најмалку трипати неделно, во период подолг од еден месец, имате потешкотии со заспивањето, се будите во текот на ноќта или се чувствувате ненаспано и уморно преку ден, можно е да се соочувате со инсомнија. Често е проследена со зголемена анксиозност, намалена концентрација и зголемен замор во текот на денот.

Како можеме да си помогнеме?

За справување со инсомнијата, потребно е да се направат одредени промени во животниот стил и навиките:

  • Регуларен ритам на спиење – легнување и будење во исто време секој ден, дури и за викендите.
  • Ограничување на екраните пред спиење – сината светлина од телефоните и компјутерите го потиснува лачењето на мелатонин.
  • Избегнување на кофеин и тешка храна навечер – кофеинот може да го одложи заспивањето, а тешката храна го оптоварува организмот.
  • Создавање вечерна рутина – релаксирачки активности пред спиење како читање, лесно истегнување или топла купка.
  • Контрола на стресот – техники за релаксација, како длабоко дишење или медитација, можат да помогнат.
  • Инвестирање во квалитетни душек и перница – начинот на кој спиеме е директно поврзан со квалитетот на душекот и перницата што ги користиме. Лошо избран душек може да доведе до неудобност, болки во грбот и често будење во текот на ноќта. Перницата, пак, треба да обезбеди правилна поддршка за вратот, за да се спречат напнатост и болки.

Инвестирањето во квалитетен душек и перница не е само луксуз, туку неопходност за здрав сон. Правилната поддршка на телото овозможува непречено преминување низ циклусите на спиење, што значи подлабок и квалитетен сон.

Magniflex нуди врвен квалитет, анатомска поддршка и материјали со највисок стандард, осигурувајќи ви здрав, мирен и регенеративен сон. Инвестирањето во Магнифлекс значи инвестирање во вашето здравје и благосостојба.

Спиењето е клучно за физичкото и менталното здравје, и со вистински пристап, инсомнијата може да се надмине!